HTC ONE V

Општо

Освртот е потполно субјективен и аматерски. Поради користење на многу полош апарат претходно (LG GT 540) веројатно полн со предрасуди.

Имам пишувано наназад колку проблеми имав со неколку апарати, но се испостави дека тоа е мака со почетните серии. Пак да купувам ќе инсистирам да има сериски број (S/N) кој почнува со SH25.. или поголем број (SH26.., SH27..), демек четвртиот знак бил месецот во кој е произведен. SN е место на производство – Кина, со HT – Тајван имав проблеми. (Жолти дамки имав со HT03.. и HT04.. направени во Тајван во Март и Април).

Кренимо редом:

Батерија

Батерија ко батерија: се троши. Убаво, бргу се троши ако не го испушташ од рака. Немам никакви мерки ама мислам дека како што не го испуштам од рака ќе држи едно 20 часа. Тука спаѓаат долги разговори во фамилијарен пакет, слушање радио по 2 саати, користење на спорт тракер (Endomondo: http://www.endomondo.com) исто едно 2 саати, читање твитер и активно твитање.

Мислам дека нема да погрешам ако кажам дека држи батерија за една дневна ротација на многу активен корисник (без многу игри и без многу сурфање).

Интересно е што во споредба со стариот слично држат батерија, но на овој ептен многу потрошувачка оди на екранот, претходниот трошеше фулл батерија само со Endomondo за 4 саати, сега разликата е драстична. Само Endomondo троши 5% за 2 саати. Мене лично ми одговара.

Се полни мислам за 2 саати на ПЦ.

Екран

Топ. 800х480, одличен контраст, брајтнест, се гледа на максимално сонце, автоматски се сам подесува во зависност од осветленоста на амбиентот. Агол на гледање има неверојатен, поголем не може. Има некое извртување на боите кое дури ми годи, како да го зголемува контрастот.

Интересен е екранот и по тоа што сликата се наоѓа преблиску до површината, како да нема стакло воопшто.

Дали има заштита некоја не знам ама веќе повеќе од месец дена нема ниедна рецка. ЛЦД 2 као бил што и да значи тоа. Дали е скрач резистант или горила гласс не знам.

Во секој случај сум презадоволен од екранот.

Камера

Старото правило важи и тука: телефон не се купува за камера. Надвор е супер, преку ден, на лошо време и внатре и навечер има шум, тоа е. Мислам дека еден стар w890i од сони ериксон имаше слична камера (а 3mp) па видете си. Блицот е лош.

(сметам подобра слика)

(indoor, навечер, со некојси ефект)

Перформанси

Има дискусии каков процесор и RAM има тоа нема да спомнам, ќе кажам во пракса. Твитер лета, ако отвориш дискусија да видиш некоја макар и од 3 твита – закопува. Причина не гледам, ама така е.

Фејсбук – побавно, но го користам со Edge и мислам дека битно на тоа влијае и брзината на интернетот. Мислам дека доживувањето на 3г и вифи ќе биде осетно подобро.

Во ист момент, паралелно, може да:

- работи ендомондо
- разговараш
- снимаш видео со 720p (со мало секцкање кое е можеби поради бавната картичка)
- фотографираш со 5mp.
- во позадина чека радиото да се вклучи кога ќе прекине разговорот

Се ова го прави без да имаш чувство дека се мачи, а од друга страна со Лајф Валпепери знае да се мачи.

Игри

Врти ангри брдс и тоа темпле-то без проблеми, повеќе од ова не би требало да може.

Сурфање

Нема проблеми со сајтови кои имаат мобилна верзија, но јас ако се прашам овој телефон не е за сурфање. Иако поддржува флеш во броузер, тоа не е баш нешто што може да се користи комотно секој пат. Иако брзината на интернетот и овде може малку да промени на подобро.

Радио

Многу подобро фаќа од претходниот телефон што го имав.

ГСМ сигнал

Го озборуваат дека има лош сигнал. Не е точно. Можеби зависи од провајдерот но со Т-Мобиле е екстра. Точно е дека антените му се доле во чинот, но во средина на руска зграда (со дебели ѕидови) имам 5/5 црти цело време.

ВИФИ

Исто никаков проблем. Иако со закривање на антената се намалуваат “цртите” дури до нула, прекин нема. Брзината сметам дека е добра. Моментално не користам и не можам да кажам за потрошувачка на батерија. Со нула црти врват јутубе видеа.

3G

Врви како што треба, ама не го користам и не можам да кажам детално за брзини и за потрошувачка на батерија.

ГПС

Користам спорт тракер и ова ме интересира. Никогаш не барал сателити повеќе од 10 секунди! Спектакуларно!

Слушалки

За мои потреби – екстра. Функционира и копчето и микрофонот за разговори, се слуша одлично. На радио не работи, но на мп3 битс аудио е топ. На максимум не можам да слушам иако слушам гласна музика.

Звукот е пристојно чист. Со нив разговарам 90% од времето.

Компас

Нема. Ако ова е битно ич не размислувајте да го купите.

Камера напред

Нема. Ако ова е битно ич не размислувајте да го купите.

Копче за форографирање

Нема. Ако ова е битно ич не размислувајте да го купите. Ова мене ми смета иако постојат апп кои истото го симулираат со другите копчиња или копчето на слушалките.

Заклучок

Колку пари толку возење. На заклучениот екран има шорткати од кои за 2 секунди може да се активира камера, што со претходниот апарат можев да го сонувам, но тоа си го носи времето, гледам и другите производители нудат слични решенија. Мене ми е скок голем за рутините што ги имам преку ден.

Ако се смета за мана, се излижа на долните 2 ќоша, мене не ми пречи, а гледам и има заштитни кутии па може да го заштитите.

Сурфањето оди лошо и за тоа верувам треба двојадрен процесор.

Ако од него не се бара нешто за што не е направен – работи совршено. Еден ден се рестартираше многу се додека не сфатив дека е од познат софтверски баг на календарот. Истото беше решено за еден ден од HTC. Никогаш не се рестартирал или изгасил без причина. Потенцирам: ни-ко-гаш.

Потивок е од некои други при рингинг. На пример денес чув еден Live Walkman на SE. Тоа е касетофон за ова. Но при разговор тонот е петка без шум, одлични слушалки и пристојно гласен спикер.

Не грее или сосема малку (очекувано) кога се многу разговара со него или кога се полни.

Drop call никогаш не сум имал.

Од друга страна има проксимити сензор и нема случајни кликања со образ на екранот кога се разговара. Ако се земе во рака додека звони тонот на звонењето автоматски се намалува на минимум. Ако се заклопи додека звони, се мутира тонот на звонењето… Вакви слични изненадувања има да имате многу. Во ташна ако е и да  е на минимум ставен рингингот сам ќе се максимизира…

Ќе повторам: се прави како што од него се очекува, сметам дека е и со доволно фенси аутфит, а и филингот во рака е како за телефон од повисока класа. Сенсе 4 е доволно фенси и употреблив.

Веќе има многу конкуренција во класата, но не сметам дека погрешив што го купив.

Би го препорачал на пријател.

На кратко (сепак земено во класата и субјективно во однос на претходни ограничени искуства со други телефони и работи кои мене ме интересирале):

Добри страни:
- екран
- слушалки
- брзина (за мои потреби)
- добар сигнал: Мобилна мрежа, ВИФИ, 3Г, ГПС,..
- големина на екран (можел и малку помал)
- големина воопшто (совршено влегува во торбичката)

Лоши страни:
- релативно лошо се сурфа
- нема дедицирано копче за фотографирање

Ако нешто останало некажано повелете во коментарите, еднаш дневно, навечер.

Како Т-Мобиле МК ми тарифира

Деведесетите, ако сакаш од Благоевград да се вратиш до македонска граница со такси ќе се изнамачиш да не те одерат. Одиш на место каде чекаат таксисти и доколку не си упатен во нивните намери, биди спремен на крај на рутата да те “почешат” 100 марки. На тргнување прашал не прашал прават се’ за да не ти кажат цена, за да после те дриблаат дека таксиметарот им е на баждарење и сл. и на крај ќе ти опнат цена за целото возење од која се паѓа во несвест.

Интересно е што денес истот се случува на автобуско/железничката станица во Скопје и никој не реагира.

——————————————————

Офтопик: лично имав искуство после еден километар возење, бидејќи му реков на таксистот да застане зошто немаше таксиметар да морам да повикувам полиција поради заканите по живот на мене и на мојата фамилија вклучително и на моето малолетно дете. Полицајците подобро да не дојдеа, беа бетер таксистот, ме убедуваа да му дадам 100 денари и тој имал фамилија

——————————————————

Овие калкулирања со цени делумно или целосно сме научени да го гледаме од неугледни луѓе, на неугледни места. Ако имаме можност (редовно имаме) се трудиме едноставно да ги избегнеме и за нас не постојат. Но ваква улична економија со НеТранспарентна манимулација со цени во уфирцаните салони на Т-Мобиле МК ќе признаете не очекуваме.

Во следните неколку пасуси ќе се обидам да ја објаснам мојата комуникација со Т-Мобиле МК како корисник на фамилијарен пакет Family M и корисник на еден Mobilie Surf Basic пакет за интернет – 100 MB za 99 ден.

 

Мобилен интернет

Овде состојбата не е така црна последните 2-3 месеци. Иако начинот на прикажување и тарифирање на потрошената количина на интернет е хорор сепак Т-Мобиле МК неколку месеци има СМС предупредување пред истекот на претплатената количина на интернет (следните MB чинеа, а и денес рефус MB-тите чинат 30 ден за MB!!!!). Новина од пред 2-3 месеци е ненаплатувањето на прекорачената количина, но истата е со намалена брзина – што е за пофалба. Проблем овде има како што напомнав со хорор пресметка на потрошената количина.

 

(http://t-mobile.mk/public/mobile-surf-paketi.nspx)

Иако Т-Мобиле МК на мене ми продава 100 МБ интернет на кои јас се претплаќам и се обврзувам и во случај количината да не ја потрошам – да ја платам. Сепак при најава на сајтот на my.t-mobile.mk (каде гледам колку трошам) имам некаква пресметка за некакви потрошени количини на интернет кои се множат по цена за рефус (30 ден/МБ)!?

Јас од Т-Мобиле МК имам купено количина на интернет 100 МБ по цена од 99 ден. Нивниот систем ме третира како рефус трошач и ми брои како да немам вклучено никаков пакет. Цените се 30 кратно поголеми! Операторите од 122 тоа го објаснуваат како некаков попуст и дека нема потреба од паника што е смешно. Ние не би ги купувале тие пакети ако не се какви што се и потреба од извртување на реалната слика за користењето на интернет нема. Доволна е една ставка во која ќе се гледа колку се има потрошено интернет и единствена цена од 99 ден. колку што чини пакетот. Начинов впрочем е и за нив поедноставен за пресметка.

 

(https://my.t-mobile.mk/Default.aspx - оваа адреса можете да ја видите само ако сте најавени на my.t-mobile.mk)

Во полето 3 се гледа дека на 21.07 имам за плаќање 1968.18 ден.!!, а знам дека сум претплатен на пакет кој чини ни помалку ни повеќе 99 ден.

Овој начин е стресен, НеТранспарентен, нејасен. Сум имал прилика на професор на факултет да му објаснувам дека не доаѓа сметка поголема од таа претплатената, верувајте се изнамачив и на крај пак ме гледаше со недоверба. Лицето го споменав како повозрасен, а интелектуалец, професор на технички факулет. Замислете да треба да му го објаснувате на постар необразован човек. Е, Т-Мобиле МК, имате многу такви муштерии и наместо да им угодите максимално (професионалната етика, профитот кој го остварвате, а богами и ЗАКОНИТЕ тоа ви го налагаат) вие намерно мрсите и оставате некој нејасен алгоритам за пресметка и наместо да фрлите некое евро и да го средите системот вие фрлате да го замрсите.

Ама не е проблемот до вас. Да ве опне АЕК со некоја казна од некое милионче нама вака да е.

 

Пресметка на потрошено време

За разлика од годините досега кога пакетот се викаше Relax Family (мојот: Comfort) сега се воведоа нови пакети со ново име: Family (мојот M). Вака изгледаат новите:

 

(http://t-mobile.mk/public/relax-family-new.nspx)

Трикови има, продавачкитре по салоните ги премолчуваат и заглавуваат чудо луѓе посебно кај најмалиот пакет. Никоја никогаш на муштеријата не му кажува дека со новиот пакет ако испрати еден СМС на друга мрежа ќе биде тарифиран над сумата на која се претплаќа или за најслабиот пакет тоа важи и за секој разговор надвор од т-мобиле/т-хоме. Претходно не беше така и би требало тоа  да е првото нешто што ќе ви го кажат при миграција, но не е така. Поминав многу саати во многу салони купувајќи телефон за што веќе пишував и ниту еднаш не слушнав некоја операторка да му го каже тоа на клиент. Се прашувам за која плата се толкави лицемерки!?

Значи со мојот Family M јас си купувам 800 мин. во семејството, 800 мин. во т-мобиле/т-хоме мрежата, 100 мин кон другите локални оператори (+800 СМС во семејството). Изигрувања имаше и до сега некои веќе смоменав но начинот на кој Т-Мобиле мк ги пресметува овие минути е шампионски. Од бугарскиот таксист можете да се одбраните ако не се возите со него на пример, но овие овде држат монопол. Изнастегаа договори на 24 месеци (као ти давале поефтин телефон, нема што) и сега ќе се чешеме каде не не чеша.

Уште еднаш да видиме како Т-Мобиле МК на мене ми ги пресметува 800те минути кон семејството:

 

На оваа слика на позиција 1 се гледа дека до 21.07 на Т-Мобиле вклупно за разговор и интернет во тековниот месец им должам 3500 ден!? WHAT!??!

2000 ден за интернет (се гледа од позиција 3) останатото (1500 ден.) за разговори. Тоа дека немам потрошено повеќе од 100 минути во семејството, 50 надвор од него и 20 кон други мрежи!? Е па ова било без попусти. Какви попусти, па јас имам купено 800+800+100+800 минути се обврзувам дека истите ќе ги платам по договорената цена. Мене единствено битен податок ми е (до истекот на истите) колку минути од купените имам/е (4 броја) потрошено.

Е тој податок го нема. Во контакт центарот ќе ви објаснат дека можете во детална сметка да видите кој разговор како е наплаќан, НО НА НАС ТОА НЕ НИ ТРЕБА. Јас имам потреба да знам дека на 21ви на пример имам/е потрошено 600 мин. во фамилијата и малку да ги скратиме разговорите, а не да правиме луди пресметки за истото да го дознаеме. Еве како изгледа детална сметка:

 

До 23ти во месецот имам 18 страни ставки!?!?! (пред се поради предетална пресметка на интернет конекциите кој не ме интересира и само го комплицира листањето). Зацрнетото поле значело вака: ако последната колона е 0, тогаш тој разговор спаѓа во некои од претплатените минути, ако бројката е иста како во претпоследната колона тогаш минутите биле потрошени и се наплаќа по нормална рефус тарифа. Некои ќе сватат некои и не. Ќе си молчат и ќе си плаќаат. Ако сакате да добиете информација во моментот колку минути на пример имате разговарано по сите основи по кои се имате претплатено во минути (800 во семејството,..) е тоа го нема. За претходниот месец користејќи Мајкрософт Ексел кој баш и не сака да обработува лошо форматирани податоци во хтмл формат, после 2-3 часа успеав да пресметам за еден момент (за цел месец). Тоа значи дека ако мене ме интересира вкупното време потрошено (само) во семејството треба или сите корисници (некои се малолетни деца) да водат строга евиденција на потрошено време или да трошам во Ексел-и за секоја пресметка по 2-3 часа. Можеби ако се увежбам истото ќе трае 1 час по пресметка но никако помалку. Во Ексел користев некои функции кои сметам дека сериозно мнозинство во државата не знае да ги напише. Можеби потполно сум во заблуда, не искучувам. Но во таа заблуда ме довеле операторите од контакт центарот на Т-Мобиле МК или продавачките во салоните. На 122 најмалку еднаш ми е објаснето како да гледа со некакви попусти и ми е кажано дека не можам да гледам вкупно потрошено време по веќе споменатите основи што ги имам платено туку вака по ставки. Табелата може да се филтрира и да се групира, но сумата под табела ми дава секој пат резултат само во пари, никако во вкупно потрошено време според споменатите основи според кој сум претплатен.

Според објаснението на операторите првата групна информација, на Почетната страна, треба за се игнорира!?, а во деталниот преглед да се моли бога разговорите во последната колона да се нули.

НЕТРАНСПАРЕНТНОСТА при изразувањето, пресметувањето, манипулирањето со потрошеното време е очиглена. Т-Мобиле МК, јас од вас имам купено 800+800+100 мин + 800 СМС-и, до истекот на било кои од овие по било кој основ мене НЕ ме интересираат попусти, рефус цени за били какви импулси или минути. Како потрошувач сте ги нарушиле моите права да бидат транспарентно информиран за колку сум потрошил во текот на месецот од претплатените минути за да можам истите да си ги планирам, зачувам за покасно или едноставно да уживам во информација во 2 клика, бидејќи гледам дека дебело сум ја платил со оглед на поделениот профит секоја година, кај мојот мобилен провајдер.

 

Епилог

Таксистите во Благоевград ги средија, тие на скопската автобуска се трудам да ги заобиколам ги има 5000+ во целиот град и доаѓаат за 5 мин. каде и да си, но мобилни оператори има малку и луксузот кој си го дозволуваат вака да ги манипулираат клиентите од кои впрочем живеат е смешна работа.

Знам ќе речете иди во ВИП, ОНЕ, но еве јас сакам во Т-Мобиле МК, а сакам истите да ги почитуваат и законите и мене како муштерија со поголема транспарентност во покажувањето на потрошениот дел од нешто што го имам платено. Јас немам и нема да имам систем за пресметка кој би ме информирал. Тоа за обичен муштерија е прескапа работа и сосем нормално е да очекувам некојси АЕК, суд, Агенција за права на потрошувачи или не знам кој да му наложи на Т-Мобиле МК да го промени начинот на пресметка и информирање на клиентите. Се надевам со некоја мрсна казна за да дел од надуваните сметки поради лошото информирање се врати назад, макар не кај мене туку во државата.

Не знам колку време ќе му треба да Т-Мобиле МК да воведе и информирање (како за интернет) дека претплатеното време е потрошено? За интернет се “сетија” после 5 години, после незаконски наплатени огромни сметки кај наивни корисници, за ова се надевам нема толку да треба. Реков, се надевам и на казна но основно битно ми е да сум информиран како што законите налагаат – ТРАНСПАРЕНТНО, ќе повторам последен пат:

Очекувам некоја институција од типот на АЕК да му наложи на Т-Мобиле МК да воведе нов начин на проверка на потрошените минути (во секој момент да може да се има увид колку се потрошени од веќе купените), како и да воведе предупредување по СМС пред истекот на истите за да го заштити клиентот од НЕПЛАНИРАНИ трошоци, по секој основ посебно.

Купување на мобилен (од Т-Мобиле МК) 2

(овој пост е продолжение на Купување на мобилен)

Седмо одење во салон (сервис)

Да речете па ладнечко беше нема да погрешите. 12 км со точак во еден правец не е проблем да се помине на вакво време, нема ни 35 степени. Ми се јавија дека ќе ме примат во сервис и дека ќе ми дадат да си бирам телефон. Побарав еден саат време за да имам време да отидам, зошто Ново Лисиче и Карпош 4 се баш на различни краеви од градот.

Пристигнав. На вратата обезбедувањето баш се изненади кога сфатија дека очекувам да влезам бидејќи сервисот бил од затворен тип. Ова мене ме изненади бидејќи ова ми кажува за тоа дека никој не ја користи никогаш точката 6. од документот кој клиентот го потпишува при оставање на телефон на сервис:

“6. Клиентот потврдува дека е запознаен со правото да присуствува на проверка на квалитетот на производот при дијагностицирање на дефектот во просториите на Овластениот сервис, за што е должен да го извести Овлестеното лице од Продажниот салон на Т-Мобиле МК пред потпишување на ова Известие за поправка”

Побаравме, излезе човек од сервисот, ме внесе. Му беше жал за настанатата ситуација. На сите ни беше, мене најмногу. Нема да одам во детали бидеќи малку се и досадни, а и сметам дека би сакал да го избегнам ризикот некој лично да страда поради некоја постапка зошто дечките од сервис се петка! Беа коректни и дадоа се да ми се помогне, посебно еден. Избрав телефон после околу 1 саат.

Готовиот/новиот телефон нормално не можев да го подигнам. Таква е процедурата. Може да се подигне само од салон каде што е оставен, наредниот ден (+9 км со точак).

Осмо одење во салон

Ми стигна наредниот ден СМС порака дека телефонот ми е сервисиран и дека можам да го подигнам во салонот каде што го имам оставено. Се стегнав до Центар си го зедов. Толку.

Телефонот нема дамки (барем за сега) и за сега се има само еднаш рестартирано неочекувано, инаку е добар. Мерак ич не ми прави поради одисејата при купувањето, а и не смејам ич да бидам позитивен не дај боже да ме опне некој нов малер.

Епилог

Се надевам дека нема да има повеќе што да се каже.

За да си купам не баш бесплатен телефон бев осум пати со салон/сервис на Т-Мобиле МК. Сите ме персираа и викаа господине, поради протоколот, ретко поради почит.

Поминав во кола 50тина километри, пеш 20тина, со точак над 50тина. Потрошив само директно во салони чекајќи ред или објаснувајќи се на шалтер повеќе од 10 часа, а ако се земе предвид и времето за патување, преговарање по телефон, подготовки, (брзање за се’ за да не истече гаранцијата),.. – 100тина часа. Знаеше да биде претопло ама за тоа ретки ги беше гајле, процедурите така налагале.

Во случајот на Т-Мобиле МК капиталот е заштитен како белоглав орел. Имаат процедури кои како целина создаваат една груба институција која воопшто немате шанси да ја коментирате, а не па да сугерирате да се промени. Јас бев жртва (и сум, и сите ние сме, цело време) на една ситуација која мене не смееше да ме засегне и наместо ХТЦ и Т-Мобиле МК да си расчистат околу пратките на неисправни телефони улогата на дебагер ја имаше клиентот/јас. Т-Мобиле МК знае да се вади на милион процедури создадени за намерно да те успоруваат и демотивираат да си ги оствариш правата, а од друга страна немаат процедура да му ги вратат на ХТЦ сите телефони и да побараат да им бидат испорачани исправни. Да потенцирам дури 5тиот понуден телефон визуелно изгледаше исправно.

На шалтерите не ни сфаќаа дека ме прават мајмун. Па тие ми го менувале телефонот секој пат кога ќе сум побарал, дури ми дале и да изберам.

Т-Мобиле МК, од вас барам/в исправен телефон уредно, солено наплатен од ваша страна, а не да бирам, а не да ми давате замени. Сакам да дојдам и на прва да ми дадете исправен телефон. Ако тоа не можете да го обезбедите кажете, а не ги терајте продавачките насила да се прават глупи. Јас за да си купам телефон од кај вас потрошив време на еден пристоен годишен одмор, а не се најде ни кој да ми се извини (исклучок беа дечките од сервис, ама тие неофицијално). Никаде не видов дека можам да се пожалам или пофалам продавач/ка, никаде немате одговорни за да слушнат пофалба/жалба на вработен (продавач/ка) или не дај боже пофалба/поплака од некоја ваша процедура. Некои од нив ме и лажеа.

Поради досегашното искуство не сум сигурен дека и тековниот апарат е во ред, и акл немам ако нешто слично исктсне во иднина како би го решил. Вие имате само процедури за земање на пари, салоните ви се обезбедени како банки што е врвна дрскост и од се срце се надевам дека еден ден тоа ќе се промени.

Шансата и овој апарат да се расипе е евидентна. Серијата која ви ја испратиле од ХТЦ е лоша. Ми останува да седам мирен и да се молам со овој апарат да е се во ред.

АЕК и http://www.opm.org.mk/ ќе бидат известени, иако не верувам дека со око ќе трепнат. Во исто време за нив ќе документирам еден случај за НеТранспарентниот начин на пресметување на потрошеното купено време за разговор кој е противзаконски, на ниво на однесувањето на таксистите во Благоевград во ’90, но затоа малку потоа.

Натписов не ми е со никаква специјална намена. Некој рече дека ако Достоевски не ја напишал браќа Карамазови сам ќе си го убиел таткото, па еве и јас се олеснив :)

Секое и позитивно искуство ќе го напишам овде, јавно. Но освен со дечките во сервисот со вас како институција друго такво немам. Ниту комуникацијата по маил, ниту комуникацијата во салони, ниту воопшто мрежата од бесмислени процедури за да демотивирате не ми/ни се допаѓаат. Се надевам дека постов ќе мотивира и други да си кажат како поминале кај вас.

Купување на телефон

Како сите деца и јас сакам нов телефон. Ми истекува договорот со Т-Мобиле за 2 години доверба/лојалност и си велам како пред 2 години ќе ми пристигне писмо со екстра цени на телефони ама такво писмо нема. Попустот и не е кој знае колкав ама си велам колкав толкав зошто да не го добијам. За некои ова може и ќе е нејасно, работите во Т-Мобиле често се нејасни, попуст на телефон добивате ако потпишете договор за лојалност на 24 месеци и/или ако добиете директна понуда во плик (пред 2 години добив таква) која нормално поради тоа што ни одговара никој не ја коментираме.

Колку НеТранспарентни цени имаат сега сфатив. Се обидов на неколку начини да дознаам дали ќе добијам ваква понуда, а одговор добив откалко кренав колку можам галама на твитер и по емаил. Во моментов немало да добијам понуда, а за понатаму не знаеле, браос.

(понатаму ќе набројувам колку пати сум бил во салон, малку на долго)

Прво одење во салон

Разгледав модели по интернет, добив некоја претстава што се нуди и дојде време да ѕирнам од поблизу што се нуди. Од вонреден попуст се откажав, но задоволството да си изберам лично модел од ниско/средна класа никој не може да ми го одземе. Се осетив малку глупо кога сфатив дека голем дел од моделите кои ги рекламираат на сајтот на интернет всушност ги немаат изложено во ниеден или во ретки рандом салони. Се изнагледав и изнаслушав човечки приказни шетајќи и барајќи ги (моделите). Ако побарав да биде вклучен во струја редовно напреку ме гледаа. Немаше да биде така доколку со монополската позиција нивната фирма не ги потиснеше мобиљарите од пазарот ама тоа е, си стиснал ви џебот 2-300 евра, одиш од врата на врата и бараш милост да видиш за што ќе ги дадеш. НеТранспарентно зарем не? Некои од моделите успеав да ги видам во конкурентски провајдери, подоцна сватив дека Xperia Ray го имаат истакнато кај Алмако Банка ама тоа е, фала ВИП.

Купување, второ влегување во салон

Се одлучив за HTC ONE V. Изложениот модел во Лептокарија работеше одлично па со резверва ги зедов коментарите по интернет дека има жолти дамки по екранот, дека губи мрежа, дека не се полни после 2-3 недели. Не е ефтин, од сериозен бренд е (HTC), од сериозен локален трговец (T-Mobile Makedonija) така да нема да имам проблем и да е точно нешто од наведеното. Во секој случај и законот е на моја страна, ако и ми продадат по било кој основ неисправен производ очекувам да ми го заменат или во најлош случај како во целиот нормален свет: во едноставна предвидена процедура да ми ги рефундираат средствата.

Нормално во краткиот период во кој можев да го видам (со испразнета батерија која моравме да ја полниме во редица нервозни клиенти) не успеав да забележам дека апаратот кој ми е даден има големи жолти дамки на 3 ќоша. А не сум ни можел, далките се гледаат малку во специфични услови за кои не сум свесен (во темен амбиент, на бела позадина). Рака на срце операторката беше коректна и рече подобро сега да видиме (неретко и не се, но за тоа во друга прилика) отколку после да има проблеми.

Дека телефонот грее кога се полни и кога се користи е прилично документиран проблем со поголемиот дел од смартфоните, за среќа Т-Мобиле имаат солидна мрежа па проблемот со губење на мрежа не е баш видлив и преку тоа се поминува (инаку по тие основи телефонот е критикуван), ама дамките се очигледни уште кај нов, не би сакал никој да знае како би се однесувал откога ќе му помине гаранцијата, нели?

(примерот од сликата е од сосема друг модел – HTC ONE X, но со исти проблем)

Трето влегување во салон, прво во Кочани на 10 км возење

Знаејќи дека може да заглавам по шалтери во убедувања со разни оператори од кои некои зрачат со нељубезност малку истражував. Ги прашав директно HTC Support како реагираат на жолтите дамки, наведов и оператор и IMEI ми одговорија јасно:

“With regards to your enquiry, We’re sorry to hear that and will be happy to swap your phone at the store where you purchased it.
Please refer back to your retailer with the original box and the Prove of Purchase and if the device is bought in period less that 30 days, it will be swapped.”

Ова еден од операторите во Кочани не го знае. Процедурата кај Т-Мобиле била следна. Ако нивен сервис одлучи дека не може да го одстрани кварот апаратот ќе ми биде заменет што многу се разликува од тоа што HTC Support мене ми го одговори по маил. Не го оставив апаратот, немав друг за да сум достапен.

Четврто влегување во салон, второ во Кочани на 10 км возење

Ден – два истражував и откако сватив дека сепак телефонот ќе ми биде заменет, се вратив. Го оставив како телефон за сервис. Беше друг оператор, спремен да помогне за разлика од претходниот. Ме следува апарат за замена за време на сервисот, ниту ми нудат, ниту прашувам. Сакам да убрзаме, нормално.

Забележав една интересна работа при оваа пријава за сервис. Во Кочани има неколку оператори, а ниеден сервисер. Кочани на Т-Мобиле им држи не така мал пазар, тука се Виница, а верувам немаат салони и во Делчево, Пехчево, Берово, многу околни села. Во Кочани сервис на мобилни на Т-Мобиле не се врши. Процедурата има банални чекори и непотребно усложнета се со цел да се демотивира клиентот да ја бара услугата која нормално овој пат е бесплатна. Т-Мобиле обезбедува страшни услови за наплата и продажба на телефони и сметки, но ако има некаква обврска ги комплицира, реков со цел демотивација на клиентот истата да ја бара, максимално.

Кружат возила, собираат апарати за сервис, се пополнуваат и потпишуваат огромни формулари, договори, анекси, изјави само да се нормално демотивира клиентот да ја бара услугата.

Еднаш дури нивен оператор од контакт центарот ми рече дека требало да гледам што купувам и дека тие не заменуваат апарати, што подоцна се испостави како неточно.

Освен проблем со слободно време, оддалеченост до салон главен проблем ми е и времето во кое ми се гарантира замена на апаратот, знаејќи дека лесно ќе ми биде кажано дека поминало, максимално форсирам. Телефонот го оставам во четврток и го очекувам во понеделник. Да не повторувам дека ако сакам да го купам или нешто да платам услугата ќе ми биде завршена за неколку минути ова и не е така малку време. Во понеделник го нема, во вторник крекам по твитер и емаил и за чудо за пола саат!? телефонот е во салон во Кочани (оператор ми призна дека пристигнал доцна претходниот ден и немал време да реагира, ама знам дека имаше едно убаво, цело вторничко претпладне). Не сум суетен, не се возбудувам само сакам да си ги остварам правата. Топло е во колата немам клима.

Петто влегување во салон, трето во Кочани на 10 км возење

Ми стигнува порака после многу крекање по социјални мрежи дека телефонот е сервисиран, одам во Кочани и што да видам нов апарат, ама со поголеми дамки по екранот. Ладно му ги покажувам на операторот, сакам да не го подигнам ама тактичен е и ме предомислува. Процедурата била таа, а бидејќи ќе сум одел за Скопје да сум го однел лично во сервис и да сме се разбрале. Се испостави дека во сервис имале строга забрана да примаат клиенти.

Го земам телефонот. Немам замерки убаво работи, ама дамките се очигледни. Стари пријатели кога го видоа до еден без исклучок ми рекоа дека би го вратиле со такви дамки.

Т-Мобиле добиле лоша серија од ХТЦ јас тоа го сфаќам, забележав дека и Т-Мобиле веќе тоа го сфаќаат, и штом даваат замени и ХТЦ истото го признале. Работев трговии со техника и гаџети и знам дека таа рекламација е лесна посебно ако постои веќе документиран баг, но: зошто јас трошам толку време за нешто што уредно, дебело си го плаќам? Т-Мобиле (во одредена мерка и другите мобилни оператори) со манополската позиција ги испозатвори мобиљарите, а сега со однесувањето сака да каже дека не сака да продава/одржува апарати? Тоа дека тие како локален дилер добиле лоша серија треба да си го решат со производителот зошто јас овде изигрувам хардверски дебагер?

Спрема телефонскиот апарат од средна класа се однесуваат како пиљар спрема свената последна количина патлиџан: “избери си за 10 ден.”, ама оваа играчка чини 15.750 денари и тоа така не може. Зошто не направија кампања фалш телефони од ХТЦ за 500 ден. парче?

Секој обид да разговарам со нивен оператор завршува во ќорсокак. Нивните оператори се обучени само да земаат пари и за ништо друго. Ако тие имаат добиено лоша цела серија од ХТЦ тоа не постои начин јас да го коментирам. Ќе ми направат замена колку што имаат апарати или додека да ми помине некој разумен рок за тоа да го барам? Зошто ова стана само мој проблем, а не и нивни и на ХТЦ?

Впрочем тие сите се однесуваат како да не знаат што се случува.

Шесто влегување во салон

Пристигнав во Скопје во недела, следниот ден одам во салон. Некако најсимпатичен ми се виде тој во нивната матична зграда, верувам и го форсираат бидејќи се блиски. Потрошивме време со операторката, многу. Луѓе влегуваа се лутеа, еден пријател ми пресмета дека ме немало еден саат. Прашав за опција рефундација на пари и раскинување на договор на што таа стварно се изненади. Тоа така не можело таа дури ни пари немала за тоа. Да потпишува договори е овластена. За тоа има и скапа апликација, високо столче, лакирани нокти, насмевка од уво до уво, но рефундација на средства и раскинување на договор јас не сум знаел колку тешка работа било.

Добро ќе се обидам уште еднаш со сервис. Каде се наоѓа сервисот да идам да разговарам со сервисер овластен и писмен? Е тоа не можело, процедура по старо. Иако дојдов во Скопје меѓудругото и за да скратам со арчењето на време сепак правилото “не даваш пари нема брза услуга” важи и тука. Дури за да ми го намали отпорот (настапот воопшто не ми е нервозен) ми дава и пример дека таа нејзин телефон праќала на сервис и не ја пуштиле внатре. Ме излажа. Зедов да ги читам ставките од условите за сервисирање во кои пишува (цитирам):

“6. Клиентот потврдува дека е запознаен со правото да присуствува на проверка на квалитетот на производот при дијагностицирање на дефектот во просториите на Овластениот сервис, за што е должен да го извести Овлестеното лице од Продажниот салон на Т-Мобиле МК пред потпишување на ова Известие за поправка”

Проблемот е проблем на квадрат. Не само што смеам да присуствувам во сервис при дијагностицирање на дефектот туку операторот има обврска со тоа да ме запознае. Останав кул. Операторката вртеше пола саат телефони као не и било јасно. Сфатив дека сум го утнал салонот, освен тоа што не е привилегиран и сервисот физички не им е блиску има и многу лоша климатизација па малку се испосваривме :)

Останав во Скопје бидејќи (по стоти пат) во Т-Мобиле МК процедурите се така направени да се додека станува збор за некаква продажба или наплата веднаш се завршува, а се останато трае со денови. Ова е пократката верзија на тоа до сега што се случува бидејќи е напишана набрзина. Цело време се чувствувам како типчето од Тетовирање кое се кае што стопирало во вторник.

Инаку ова е само една епизода. На средина сме на сервисирање на потполно нов апарат. Без истиот останувам многу лесно. Многу лесно во меѓувреме ми стигна една убаво надувана сметка за телефон. Приговарање за сметка е слична одисеја и таа трае..

Точно е: возрасен, нормален, вработен човек не би минел низ ова, затоа тие така и се однесуваат.

Следат продолженија. Имајте милост во коментарите :) а слободно дајте и ум ако мислите дека некаде грешам. Целта ми е да добијам исправен телефонски апарат, баш таков (HTC ONE V), ако не се во можност да ми го дадат тоа за што сум платил да ми ги вратат парите и да го раскинеме договорот. Се надевав дека ова е пола саат работа, но во Т-Мобиле МК за ова да го завршите треба да земете годишен одмор.

Во контекст на овој проблем имам напишано и 5-6 емаила до посочената емаил адреса од @tmobilemk на Twitter како и директни прашања до операторот на твитер акаунтот на Т-Мобиле МК кој е скоро бескорисен бидејќи и тој е полн со слични процедури за работа. Се нешто препраќа до надлежни кои одговараат само ако се притиснати инаку мудро тактизираат. Да не ги заборавам и неколкуте јавувања до контакт центарот кој како што рековме ако не те интересира нешто да купиш на моменти е бескорисен.

Ја користам приликата да ги поздравам: АЕК, Пазарната инспекција и најразличните друштва на потрошувачи, пингајте ги ако знаете кои се и како тоа тие комуницираат со рајата.

Сумјам дека освен за сеир некој би сакал да ме контактира, но еве маил за контакт: netransparentnost@gmail.com